Намалени трошоците за испитување на листерија при увоз на храна

Bez autora
Apr 23 2015

Агенцијата за храна и ветеринарство реши да ги намали трошоците за задолжително испитување на „листерија моноцитогенес при увоз на храна. Новото решение почна да се применува од 8. овој месец. Задолжителното лабораториско испитувања на оваа бактерија на пратките од трети земји се врши со претходно групирање на производите по вид, тип на обработка и објект од кој потекнуваат. Мострата за анализа од страна на официјалниот ветеринар или инспекторот за храна се зема од производот, кој е количински најмногу застапен. Според Агенцијата, производите не смеат да се пуштат во промет се до добивање на лабораториските наоди, со кои се потврдува нивната безбедност. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги следи потребите, барањата и правата на потрошувачите и операторите со храна, со единствена цел – обезбедување безбедна храна преку намалување на административните процедури и финансиските трошоци на сите вклучени во синџирот на безбедноста на храната, се наведува во соопштението од Агенцијата.

Намалени трошоците за испитување на листерија при увоз на хранаАгенцијата за храна и ветеринарство реши да ги намали трошоците за задолжително испитување на „листерија моноцитогенес при увоз на храна. Новото решение почна да се применува од 8. овој месец.

Задолжителното лабораториско испитувања на оваа бактерија на пратките од трети земји се врши со претходно групирање на производите по вид, тип на обработка и објект од кој потекнуваат. Мострата за анализа од страна на официјалниот ветеринар или инспекторот за храна се зема од производот, кој е количински најмногу застапен.

Според Агенцијата, производите не смеат да се пуштат во промет се до добивање на лабораториските наоди, со кои се потврдува нивната безбедност.

„Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги следи потребите, барањата и правата на потрошувачите и операторите со храна, со единствена цел – обезбедување безбедна храна преку намалување на административните процедури и финансиските трошоци на сите вклучени во синџирот на безбедноста на храната“, се наведува во соопштението од Агенцијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik